Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша декрет со кој се дозволува користење на американски имот во Русија како компензација за „штетата предизвикана од запленувањето на рускиот имот во САД“.
Уредбата која ја содржи соодветната одредба беше објавена на владиниот портал, со која и се наложува на владата да воспостави посебна процедура за обештетување на Русија и нејзината Централна банка за „штетите предизвикани од американската влада или судските одлуки“.
„Владата на Руската Федерација во рок од четири месеци ќе обезбеди воведување измени на законодавството на Руската Федерација со цел да се спроведе оваа регулатива“, се наведува во документот.