Левица​: ​​Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на ,,Бехтел и Енка”

Од:

Во селото Ореовец (прилепско), се наоѓа Црквата „Св. Димитрија”, која е гробиштен храм изграден во 1874 година. Црквата претрпе огромни штети, по вршењето на минирањето од страна на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка”, велат од Левица.

„Штетата е настаната по минирањето во непосредна близина од страна на преплатениот од народни пари конзорциум, што предизвикало земјотреси чија последица се одразила и на овој објект. Во Црквата има фрески постари од 150 години – дел од нив изработени на дрво и кожа, кои освен што се од огромно значење за месното население, туку тие претставуваат и богато културно наследство за овој крај.

Од потресите, оштетени и испукани се ѕидовите на Црквата и ако се продолжи со минирање, голема е веројатноста да настанат штети од поголеми размери, што не ја исклучува можноста да се случи и нејзино целосно рушење. Покрај штетата на Црквата, од минирањето: загрозени се извори на вода од кои и денес се снабдува Прилеп со вода; оштетени се куќи во селото Ореовец; се крева прашина која поради струењето на воздухот и релјефот на теренот целосно паѓа во Прилеп и прилепските села и се уништуваат ендемични видови на животни.

Прилепчани десетина дена прават протесна блокада на патот кон село Ореовец и не дозволуваат машини и работници да продолжат со минирање и ископување. Пратеникот од редовите на Левица – Сашко Јанчев, присуствуваше на протестите и даде поддршка на блокадата. Левица претходно го блокираше спроведувањето на договорот со „Бехтел и Енка” со илјадници амандмани. Сега најавуваме дека нашите активисти се спремни веќе и физички на терен да ја поддржат борбата на граѓаните“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

Левица со поддршка за струмичките земјоделци

Горан Наумовски

Левица: 25 години Карпалак – 25 години без правда за бранителите

Левица: 50 хектари плодна земја чекаат фабрики што никогаш не дојдоа

Левица: Владата ветуваше олеснување, Македонија остана на американската визна листа

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна како „талогот“ и работи во координација со странски центри