Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар што денеска избувна во куќа во градот Истра во Московската област, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Пожарот бил пријавен утринава околу четири часот по локално време, а пожарникарите го изгаснале до девет часот, пренесува Интерфакс.
Министерството за вонредни состојби соопшти дека една жена е хоспитализирана, а регионалното обвинителство отвори истрага за инцидентот.