Пожарот што избувна во пристаништето во Медулин минатата среда, во кој изгореа 22 пловни објекти, е предизвикан од отворен пламен од непознато потекло – ова е новиот извештај на истарската полиција.
Пожарот од еден брод се проширил на дел од другите закотвени во пристаништето. Материјалната штета е голема, а истрагата продолжува. Неофицијално, се дознава дека на снимката во пристаништето се гледа како е фрлен „Молотов коктел“ врз еден од пловните објекти, пренесува RTL.
„Полициски службеници во соработка со вработените во Центарот Иван Вучетиќ извршија увид на опожарените пловни објекти во Медулин. Утврдиле дека причина за пожарот бил отворен пламен од непознат извор. Опожарен бил 22 пловни објекти кои беа потешко оштетени и на неколку пловни објекти кои имаа помали оштетувања“, изјави за РТЛ Ален Пачиќ, портпарол на полициската управа на Истра.