Рјабков: Тврдењата на Пентагон за руско лансирање антисателитско оружје се лажни

Од:

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков ги отфрли како лажни тврдењата на Пентагон дека Русија лансирала антисателитско оружје, истакнувајќи дека Москва е против ставање на ударните способности во орбитата околу Земјата.

„Мислам дека не треба да одговараме на какви било лажни вести што ги шири Вашингтон“, изјави висок руски дипломат на новинарите како одговор на прашање, пренесе Тас.

Рјабков рече дека Русија отсекогаш била конзистентно против ставање на оружја за напад во орбитата околу Земјата.

„Не случајно Русија, заедно со голем број други земји, ја промовира иницијативата прво да не се поставува оружје во вселената“, додаде тој. Русија продолжува да ја развива својата вселенска програма на планиран начин, посочи тој. „Ниту лансирањето сателити за различни цели, вклучително и оние кои се занимаваат со зајакнување на нашата одбранбена способност, не е ново“, рече Рјабков.

Според него, затоа Американците можат да кажат што сакаат, а руската политика нема да се промени. „И доколку навистина беа заинтересирани за зајакнување на безбедноста, вклучително и вселенска активност, би можеле да го преиспитаат својот деструктивен пристап кон низата руски предлози во оваа сфера. Ова првенствено се однесува на нашиот предлог за изработка на договор за спречување на трка во вооружување во вселената“, рече Рјабков.

Вашингтон ја обвини Москва за лансирање на сателит за кој американските разузнавачки агенции веруваат дека е оружје способно да следи и да напаѓа други сателити, тврдење што Русија денеска го отфрли како лажно.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Одмазда за масакрот во Суми: Украина ја уништи руската ракетна бригада во регионот Курск