Прегласување на седум избирачки места, битка за двајца пратеници и нова распределба на мандатите

Од:

Во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 денеска се прегласува за Парламентарните избори 2024. Прегласување во петата изборна единица ќе се спроведе на избирачките места 1194 и 1202 во Крушево, 1272 во Охрид, 1470 и 1470/1 во Долнени и 1844 во Струга, додека во шестата изборна единица на избирачкото место 2101 во Желино.

Право на глас во овие избирачки места имаат вкупно 4521 гласач. Во избирачкото место 2101 во Желино право на глас имаат 993 гласачи, во избирачкото место 1194 во Крушево право на глас имаат 470 избирачи, во 1202 исто така во Крушево 298, во 1272 во Охрид 712, во Долнени во избирачкото место 1470 – 659, додека во 1470/1 – 634 и во избирачкото место 1844 во Струга 755 избирачи.

Поради ваквата одлука на Управниот суд и на ДИК, ДУИ обвини дека се прави изборен инженеринг со цел на партијата да и се одземат две освоени пратенички места. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се надеваат дека доколку се променат резултатите од гласањето во овие седум избирачки места тие би добиле по уште еден мандат во Парламентот.

Во Изборната единица 5, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 10 мандати, а во ИЕ 6, 3 пратенички мандати.

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ во ИЕ5 освои четири пратенички мандати, а во шестката се 9 пратеници. Од оваа коалиција постои ризик да се прелеат по еден пратеник од двете избирачки единици во другите коалиции.

Коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ според моменталните резултати има три пратеника во ИЕ5 и само еден во ИЕ6.

Со оглед на на моделот според кој се одредува бројот на добиени пратеници, можно е да има значајни промени со оглед дека разликата во добените гласовни е неколку стотини. Според интерните калкулации во партиите, најголем губитник би можел да биде ДУИ затоа што може да загуби двајца пратеници.

Би можело да ве интересира

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

Управен суд ја одби како неоснована тужбата на „Европски фронт“ за прегласувањето во Желино

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино

Преговорите на новата Влада се во напредна фаза, при распределбата се води сметка за бројот на добиени пратеници информира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски