Во 7 часот се отворени четирите избирачки места, по две во општина Долнени и две во општина Крушево каде се прегласува за парламентарните избори во петтата изборна единица. Гласањето почна непречено и без проблеми, потврдуваат од општинските изборни комисии.
Во Крушево се прегласува на по едно избирачко место во населените места Јакреново и Бучин: во Јакреново е избирачкото место 1202, а во Бучин 1194. На двете избирачки места вкупно се запишани 767 жители со право на глас.
Во Долнени се прегласува на две избирачки места (1470 и 1470/1) каде вкупно се запишани 1290 гласачи. Двете избирачки места се во населеното место Дебреште. Вчера беше спроведено гласањето за 9 болни лица.
Во избирачкото место број 2101 во селото Ларце, во Општина Желин во Изборната единица 6 навремено е почнато гласањето во седум часот.
– Прегласување има само на едно избирачко место со број 2101 во село Ларце, Општина Желино. Гласањето почна точно во седум часот и се одвива без проблеми. Нормално работи апаратот за идентификација и гласањето се одвива, изјави Бујар Сулејмани, претседател на ОИК Желино.
На 22 мај својот глас го искористиле 48 проценти од запишаните гласачи, односно 479 луѓе од кои девет биле беа неважечки ливчиња.
Навреме почна гласањето во избирачкото место 1844 во Струга, каде се врши прегласување во рамките на вториот круг од Парламентарните избори 2024 година.
Заменик претседателката на Општинкста изборна комисија Деспина Влаќеска информира дека гласачкото место било отворено во 7 часот и оти гласањето тече непречено.
– Избирачкото место е отворено во 7 часот и процесот се одвива непречено и во најдобар ред, ијзави Влаќеска.
Во ова избирачко место 1844 во единствениот избирачки список регистрирани се 755 гласачи, од кои двајца своето гласачко право го оствариле вчера во затворот во Скопје.