Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека поради негативните ефекти од климатските промени, изворите на вода и акумулациите стануваат области на конфликти ширум светот.
„Многу конфликти во Азија, Америка, Северна Африка и Блискиот Исток произлегуваат од споровите околу изворите на вода. Поради негативните ефекти од климатските промени, изворите на вода и резервоарите стануваат области на конфликти“, рече Ердоган на собирот посветен на земјоделството организиран од турската државна банка Зират во Истанбул, пренесува Анадолија.
За договорот за црноморското жито од 2022 година, со посредство на Турција и ОН меѓу Русија и Украина, Ердоган оцени дека, да не беше договорот во кој посредуваше Турција, „многу области ќе настрадаа од глад, особено африканските земји.
Претседателот нагласи дека Турција, среде пандемијата „Ковид-19“ и војната во Украина, „го спречи влошувањето на ситуацијата обезбедувајќи минување на 33 милиони тони жито“ низ нејзините теснец.