Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случи во близина на Зеница. Во несреќата учествувале автобус и камион.
– Камионот го управувал К.М.(1987) од Какањ, кој во несреќата загинал. Сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента. Истрагата е во тек и се води под надзор на дежурниот кантонален обвинител. На лице место интервенирале и припадници на професионалната противпожарна бригада и итната служба – изјави за порталот „Аваз“ Самир Валентиќ, портпарол на полицијата.