Полициската управа во Марибор била известена за несреќа во околината на Марковац во која вчера околу 22 часот дете паднало во шахта. Детето веднаш со хеликоптер било пренесено во болница.
И покрај лекарската помош, детето за жал починало, пишува Slovenske novice.
Во меѓувреме, мариборската полиција ја продолжува истрагата за околностите кои довеле до инцидентот.