Селекторот на српската кошаркарска репрезентација Душан Ивковиќ денеска изјави дека по исполнување на целта – пласман на Светското првенство, ја напушта функцијата.
– Јас мојот дел од договорот си го исполнив. Како и секогаш останувам во кошарката, но време е некој од помладите колеги да се нафати на оваа работа, изјави Ивковиќ.
Kошаркарскиот стручњак кој идниот месец ќе наполни 70 години, на чело на српската репрезентација дојде 2008 година. Со него Србија освои сребро на ЕП во Полска 2009 година.
На штотуку завршеното Европско првенство во Словенија, Србија предводена од Ивковиќ заврши на седмото место со што си обезбеди пласман на следниот Мундијал.