Во приватно училиште во Тирана вчера дошло до инцидент кога девојче било каснато од змија.
Според албанските медиуми, инцидентот се случил во областа Фарка во Тирана во основното училиште Светска академија во Тирана.
Девојчето итно било пренесено во болница за да добие лекарска помош.
„Околу 12.35 часот на Фарка во задниот дел од приватно училиште десетгодишен ученик бил каснат од змија. Малолетникот моментално е во болница, под надзор на лекар“, објави полицијата.