Облачно со повремен дожд и ретки грмежи

Од:

Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во источните делови.

Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец (над 60 километри на час).

Минималните температури ќе бидат во интервал од 7 до 13, а максималните ќе достигнат од 15 до 21 степен.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималните ќе достигне 19 степени.

Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата.

Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Би можело да ве интересира

Зголемено ниво на реките низ земјата, метеоролозите најавуваат дожд утре

Денеска облачно со врнежи од дожд, температури до 12 степени

Денеска претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд

Горан Наумовски

Облачно со утринска магла, попладне локални врнежи од дожд

Горан Наумовски

Црвена тревога е прогласена за неколку региони во Грција

Времето денес облачно, со повремени врнежи од дожд, а на планините снег