Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, кои се осомничени за убиството на Данка Илиќ, во април биле испратени на психијатриско вештачење во Специјалната затворска болница во Белград, а како што дознава „Блиц“ по прегледот биле вратени во притвор.
– Вишото јавно обвинителство во Заечар се уште ги нема добиено резултатите – вели изворот на „Блиц“.
Како што напиша „Блиц“, според досега добиените резултати од вештачењето на ДНК во Вишото јавно обвинителство во Заечар, од девојчето Данка Илиќ нема биолошки траги.
Од ВЈТ во Заечар за „Блиц“ посочуваат дека во тек е вештачењето на движењето на возилото на осомничениот врз основа на ГПС уредот и се очекува записник од вештачењето.