Колегите од Токсикологија во одбрана на Беќаровски: Никогаш не упатил навреди кон колегите Албанци

Од:

Откако Министерството за здравство на социјалните мрежи сподели документ во кој има сериозни обвинувања за доктор Нико Беќаровски дека наводно ги навредувал вработените по национална основа, се огласи прво докторот Беќаровски, а по него и колегите од Клиниката кои имаат засновано работен однос на неопределено време со потпишана изјава со која ги демантираат наводите на колегите Албанци кои имаат истечени договори и не се повеќе вработени на Клиниката.

„Ние, Вработените од УК за токсикологија со редовен заснован работен однос на неопределено време во целост ги демантираме наводите изнесени со Изјава од 26.04.2024 година на групи лица без статус на вработени во клиниката, а кои се однесуваат за наводно кажани навреди против албанци од Проф др Нико Беќаровски.

Најостро реагираме и ги демантирамо информациите изјавени во неколку медиуми од Министерство за здравство и сме должни на јавноста да појасниме дека било какви навреди или притисоци на Албанци кои претходно беа ангажирани со договор за дело од страни на Проф.др Нико Беќаровски не се упатени.

Доктор Нико Беќаровски е врвен професиналец кој повеќе од 10 години работи ургентна медицина и спасува човечки животи без разлика на етничката припадност или припадност на политичка партии, па поврзувањето неговото име со вакви невистини за политички цели е скандалозно и некоректно и поттикнува нетрпение по национална основа“, стои во потпишаната изјава.

Би можело да ве интересира

Склучувала договори па ретрокативно ислаќала хонорари, пари давала и на луѓе што воопшто не работеле, обвинение за Бесија Иљази

Чибишев: Четворицата малолетници се стабилни, утре ќе се одлучува дали ќе бидат пуштени од Токсикологија

Катерина Ѓуровски

Антидепресиви и алкохол – коктелот кој скопјанецот им го дал на четирите деца во неговиот дом

A1on

Приведен е скопјанецот во чиј двор беа пронајдени четворица малолетници во бесознание

A1on

Кривична пријава за Бесија Иљази, екс-директорката на Токсикологија незаконси вработувала и ретроактивно испалаќала плата

Чибишев: На Токсикологија веќе нема да има „каубојски„ вработувања, клиниката е во финасиски и организациски колапс

Катерина Ѓуровски