Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за состав на новата Влада, откако претходно денеска Државната дума одобри 16 номинации за министри и 10 вицепремиери, пренесоа руските медиуми.
Советот на Федерацијата, Горниот дом на руската Дума, ја заврши дводневната консултација за кандидатите за позициите шефови на безбедносните агенции и специјалните служби предложени од претседателот Путин, пренесува РИА Новости.