Сиљановска-Давкова ќе се придржува до уставното име, велат од Кабинетот на претседателката

Од:

Во своите јавни настапи, македонската претседателка има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, почитувајќи ги основните човекови права и слободи, и согласно европските вредности и начела, велат од Кабинетот на Гордана Сиљановска-Давкова.

„Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име. Согласно Уставот, како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име.

Македонските институции во последниве пет години речиси целосно ги исполнија обврските од Преспанскиот договор и претседателката очекува сите македонски партнери да ги почитуваат билатералните и мултилатерални обврски кои ги презеле кон земјата, додаваат од новиот Кабинет на новоизбраната претседателка.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Верувам во добрите намери и посветеноста на Хрватска и Словенија за забрзано чекорење на регионот кон ЕУ

А1он

Сиљановска – Давкова: Во Драч се разговара за европската интеграција и регионалната безбедност

Бугарија се справува со последиците од катастрофалните поплави, Радев се заблагодари за понудената помош од Македонија

Катерина Ѓуровски

Сиљановска-Давкова на состанок на Европската политичка заедница во Копенхаген – на агендата Украина и европската безбедност

Сиљановска-Давкова ја доби наградата „Глобален државник“ на прославата 20. години од основањето на ОМД во Детроит

Сиљановска-Давкова за злонамерните написи: Фотографијата со претседателот Трамп и неговата сопруга е автентична