Најмалку 26 загинати во три експлозии во Багдад

Од:

Најмалку 26 лица загинаа, а 68 други се ранети денеска при три одвоени експлозии во ирачкиот главен град Багдад, јави агенцијата Анадолија.

Во северниот дел на Багдад, во бомбашки напад изведен на комеморација во населбата Ал-Азамија, загинаа 20 лица, а 48 се повредени.

Експлозија, исто така, е регистрирана и во парк на населбата Ал-Салија, при што загинале три лица, а осум се ранети.

Бомбашки напад е извршен и врз една кафеана во населбата Ал-Садр. При активирање на експлозивна направа поставена во објект загинале три лица, а 12 се ранети.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак