Захарова: Русија не покани претставници на „непријателските земји“ на парадата за Денот на победата

Од:

Русија не испрати покани за денешната парада на Денот на победата над фашизмот во Москва до амбасадорите и претставниците на земјите кои ги смета за непријателски, изјави Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи.

Захарова за ТАСС посочи дека претставници на „непријателските земји“ трета година по ред не биле поканети на парадата за Денот на победата.

„Не се поканети од 2022 година затоа што водат режимите во тие земји, да го формулираме како непријателска политика, тоа е терминот што беше воведен, но тие всушност водат агресивна политика кон нашата земја, а ние ја формулираме како хибридна војна“, изјави Захарова.

Би можело да ве интересира

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Захарова: Русија ќе соработува со арапските земји за деескалација на Блискиот Исток

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Захарова: Ако Киев нападне руска територија, тоа ќе биде погубен акт за Западот

Захарова: Не ни кажувајте што да правиме