(ВИДЕО) Мицкоски: Успеавме, Македонија победи – Ќе одговараат од првиот до последниот!

Од:

Обраќање претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Пред почетокот симпатизерите го дочекаа лидерот пеејќи ги стиховите од песната Бисер балкански.

„ Успеавме! Македонија победи! Историска победа на народот „ рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во почетокот на своето вечерашно обраќање од седиштето на партијата.

Мицковски му се заблагодари на народот за кој како што кажа овој народ испиша историја на овие избори со истрајност, достоинство го победи криминалот и корупцијата и си ја врати државата.

„ Почитуван народе на Република Македонија секогаш ќе ја имате мојата најдлабока почит и пред чија одлучност длабоко се поклонувам. Успеавме, победи Македонија која е на Македонците, Албанците, Турците, Србите, на Власите, на муслиманите, атеистите, на гордиот народ. Горд сум на народот кој застана на патот на поделбите. Покажаа дека нема Македонија на СДСМ, на Дуи ниту пак Македонија на ВМРО ДПМНЕ,  има само една единствена и вечна слободна и независна Македонија.

Падна владата и има причина за тоа. Корупција, криминал, неспособност, лажни вредности , тендери, непотизам, одземената држава, и уште стотина последици кои направија државата да страда, а а народот разочаран.  Но вечерва се поразени.

Поразен е и бојкотот на ДУИ! Народот покажа дека нема да дозволи поединци да создаваат кризи и преку институции да се штитат себеси. Време е ДУИ, заедно со СДСМ да одат во опозиција Тие стотина од СДСМ и ДУИ кои мислеа дека се господари на нашите животи нив денес ги боли глава, а има и зошто. Ќе одговараат до последниот, секаде каде имало криминал и корупција, додаде Мицкоски.

Поразен е бојкотот на ДУИ. Народот покажа дека нема да дозволи поединци да создаваат кризи и да се штитат себеси преку институции. Се им се удри од глава и на крај се избојкотираа сами себе. Народот и ја одржа најважната лекција на власта и си ја спаси државата. Оваа генерација има шанса да создаде ново поглавје во кое Македонија ќе е повторно горда и ваша.

„Нема да ве разочараме, резултатите од нашата работа ќе се покажат во првите 100 дена од владата“, рече Мицкоски најавувајќи добри економски вести за државата.

Имаме причина да се радуваме и да сме задоволни и да сме благодарни, но причина и лекција да не влегуваме во еуфорија, ароганција и самобендисаност. Нема да е лесно, имаме предизвици, но ова е показател дека ќе успееме. Доста е со деновите кога Владата им служи на коалициски партии. Ние ќе им служиме на сите граѓани, без разлика на пол, и на политичка партија. Ќе се гордеете дека оваа земја ќе застане на нозе. За брзо време почнуваме преговори за коалиција и формирање на влада“, кажа Мицкоски.

Додаде и порака до сопартијците и идните функционери.

„ Никогаш не го заборавајте овој народ. Народот покажа дека ничија свеќа не гори до зори и од судот на народот никој не избегал, како ни судот од бога. Оставете бел образ, бидете одговорни и чесни. Паметните учат од туѓите грешки, никогаш немојте да ви падне напамет да го потцените народот“, порача Мицковски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации