Во што се уживаат српските пратеници и министри?

Од:

На српските пратеници им е платен бензинот, стан, службен телефон, возач, имаат бесплатни авионски билети, патарина, а примаат плата која што е поголема од 100.000 српски динари, пишуваат „Вечерњи новости“.

Во „привилегиите“ уживаат само министри и пратеници, а за тоа колкави ќе бидат тие зависи од тоа дали седат на фотелја во Немањина или на плоштадот Никола Пашиќ.

Како што пренесува „Вечерњи новости“ шефот на владината канцеларија за соработка со медиуми, Миливоје Михајловиќ истакна дека премиерот и сите министри додека се на функција имаат на располагање автомобил и возач 24 часа дневно.

-Членовите на владата имаат право на мобилни телефони и месечно може да потрошат најмногу 5.000 динари. Министрите на полицијата и војската имаат обезбедување, а може да добијат и други доколку српското МВР процени дека постои безбедносен ризик.Може да вработат до три советници и да патуваат бесплатно со редовните авионски линии, доколку тоа е поефтино од користењето на владините летала. Оние кои што не се од Белград, може да добијат и стан на користење-наведе тој.

Претседателот на Административниот одбор во Народниот парламент, Зоран Бабиќ вели дека тие ја укинале само исплатата на дневницата и користењето на службените телефони.

-На пратениците кои што живеат најмалку 30 километри надвор од Белград за доаѓањето на седниците им се плаќа бензин, додека оние кои што доаѓаат со воз или автобус им се рефундираат билетите-истакна Бабиќ.

Големи привилегии имаат и некогашните шефови на државата. Освен почасните титули „поранешен претседател“, имаат право на плата, канцеларија, советник и секретарка, службен автомобил и обезбедување година дена по престанување на мандатот или подолго доколку е потребно.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ