Денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и државната секретарка Магдалена Несторовска го посетија Оперативниот Штаб во МВР во рамки на ОА „Претседателски и парламентарни избори 2024”.
Бојмацалиев беше брифиран за текот на изборниот процес и предизборниот период, за активностите и мерките кои ги презема МВР во делокругот на своите надлежности:
„За време на предизборниот молк, беа регистрирани 14 настани од кои по 4 на подрачје на СВР Скопје и Охрид, два на СВР Тетово, по еден на подрачје на СВР Куманово, Велес, Битола и Струмица, при што најмногу пет се за поткуп при гласање (две отфрлени во Тетово и Охрид). Гласање до 11,00 часот: на подрачје на СВР Струмица, Велес, Тетово и Охрид сите гласачки места се навреме отворени. Со задоцнување отворени 8 гласачки места, на подрачје на СВР Скопје и две на подрачје на СВР Штип, од кои 7 поради технички проблем, а 1 поради не навремено отворање на просторија за гласање. Неотворени 3 места поради технички проблеми со апарат за отпечаток од прст. Прекин 9 места. Регистрирани настани СВР СКОПЈЕ-8,СВР Тетово 4 Куманово 3, Струмица 1, Штип 1, од нив 11 се за агитирање, пропаганден материјал -3 , поткуп 2 и еден евидирање на починато лице во избирачки список”, информираше Бојмацалиев, потенцирајќи дека Оперативниот Штаб работи исклучиво согласно законските норми и прописи, во насока на гарантирање на фер, слободни и демократски избори, како тие од 2017 година навака, без забелешки за изборниот процес.