Избори за парламентарниот состав 2024-2028

Од:

Во земјава денеска се одржуваат редовни парламентарни избори истовремено со вториот круг од претседателските избори. Ова се единаесетти избори на кои треба да бидат избрани 120 пратеници за собранискиот мандат 2024-2028 година.

Пратениците се избираат според пропорционалниот модел, при што местата се доделуваат по Донтовиот метод. Територијата на Републиката е поделена на шест изборни единици.

Право на глас на парламентарните избори имаат 1.815.350 избирачи запишани во Избирачкиот список. Во изводите од Избирачкиот список за гласање запишани се 1.716.664 избирачи.

Во Првата изборна единица има 313183 илјади гласачи, во Втората 321087, во Третата 275034, во Четвртата 278721, во Петата 310216 и во Шестата изборна единица 317109 илјади гласачи.

Во посебниот извод од Избирачкиот список за лицата кои согласно евиденцијата на надлежен орган се на привремена работа или престој во странство се запишани 96 010 избирачи, но на овие избори нема гласање за парламентарните избори во дијаспората.

Вчера за пратеници гласаа болните, изнемоштените, затворениците, лицата во старските домови…

Избирачите ќе може да гласаат со заокружување на еден од редните броеви пред седумнаесетте листи на кандидатите за пратеници – 12 коалиции и пет политички партии. Листи за кандидати за пратеници имаат Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, Коалиција Храбро за Македонија предводена од ГРОМ, Коалиција Европски фронт на ДУИ, политичката партија Левица, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“, политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Единствена Македонија, Нова алтернатива Скопје, АВАЈА, Европско граѓанско движење, Македонска ера трета/Македонски независни листи – Суверенисти, Твоја партија, Родина Македонија, Десна, Демократи Скопје и Работничка партија. Земјата е поделена во шест изборни единици, а дел од коалициите и партиите имаат листи само за одредени изборни единици.

Гласањето и за парламентарните и за вториот круг од претседателските избори се спроведува на 3480 избирачки места, започнува во 7 часот и трае непрекинато до 19 часот. На гласачите кои се затекнати на избирачкото мести ќе им се овозможи да гласаат. Граѓаните во текот на денот ќе можат само еднаш да дојдат на избирачкото место и да гласаат за двата вида избори или само за претседателските или само за парламентарните избори. Идентификацијата на гласачите ќе се врши со т.н. фингерпринт апарати.

Записниците и другиот изборен материјал, избирачкиот одбор ги доставува до ОИК во рок од пет часа по завршувањето на гласањето.

По спроведените избори за пратеници на Републиката, ОИК ги сумира резултатите од гласањето на листата на кандидати, составува записник и заедно со целокупниот изборен материјал го доставува до ДИК веднаш, а најдоцна до 12 часа од завршување на гласањето.

ДИК првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Конечните резултати од изборите Државната изборна комисија ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Би можело да ве интересира

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

Управен суд ја одби како неоснована тужбата на „Европски фронт“ за прегласувањето во Желино

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино

Преговорите на новата Влада се во напредна фаза, при распределбата се води сметка за бројот на добиени пратеници информира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски