ВИДЕО: Путин положи заклетва за петтиот претседателски мандат

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат на церемонија која беше бојкотирана од САД и многу членки на Европската унија поради војната во Украина.

Путин убедливо победи на претседателските избори во март.

Некои западни влади не ги сметаат изборите за вистински израз на демократската волја на руските гласачи бидејќи немаше вистинска алтернатива за Путин. Кремљ ги отфрла овие обвинувања и тврди дека Путин навистина има огромна поддршка од рускиот народ.

Путин, кој е на власт како претседател или премиер од 1999 година, го започнува петтиот мандат.

На 71 година, Путин доминира во домашната политичка сцена. На меѓународната сцена тој е во судир со западните земји кои ги обвинува дека ја користат Украина како алатка за распарчување на Русија.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Путин во вторник би можел да назначи премиер кој ќе ја води неговата влада.

Според рускиот устав, владата мора да поднесе оставка на почетокот на новиот претседателски мандат, по што тој ќе назначи нов премиер. Актуелен премиер е Михаил Мишустин, а Путин би можел повторно да го номинира.

Би можело да ве интересира

Си Џинпинг: Кина и Русија се чувари на глобалната стратешка стабилност

„Изолираниот“ Путин собра 40 светски лидери

ВИДЕО: Путин организира самит на БРИКС, му доаѓаат Ердоган, Си Џипинг и Моди

Катерина Ѓуровски

Путин: Она што е добро за Србија е добро и за Русија, она што е добро за Србите е добро и за Русите

Трамп: Кина нема да ме испровоцира бидејќи Си знае дека сум луд

Горан Наумовски

Трамп одби да каже дали разговарал со Путин, но смета дека би било паметно да го стори тоа