Нетанјаху: Предлогот со кој се согласи Хамас е далеку од исполнување на барањата на Израел

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека предлогот, со кој се согласи Хамас, е далеку од исполнување на барањата на Израел. Тој додаде дека Израел ќе испрати делегација да преговара со Хамас.

Нетанјаху вели и дека воениот кабинет одлучил Израел да ја продолжи операцијата во Рафах.

Египетско-катарскиот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа со кој се согласи палестинската милитантна група Хамас вклучува три фази, од кои едната е постојан прекин на огнот, рече заменик-претседателот на Хамас, Калил Ал-Хаија, додавајќи дека посредниците објавија дека Американскиот претседател Џо Бајден лично се заложи за спроведување на договорот за прекин на огнот, пренесува Ал Џезира.

Според предлогот, секоја од трите фази би траела 42 дена: примирјето би започнало во првата фаза, што би вклучувало повлекување на израелските сили од коридорот Нецарим, кој Израел го користи за поделба на Појасот Газа на север и југ.

Би можело да ве интересира

Првите израелски заложници ќе бидат ослободени во недела, објави Нетанјаху

Кабинетот на Нетанјаху потврди дека Израел и Хамас потпишале договор за прекин на огнот

Нетанјаху сака да го испрати шефот на Мосад во Доха на преговори

(ВИДЕО) Нетанјаху: Израел ќе остане на планината Хермон на сириската граница додека не се постигне друг договор

Трамп е дециден, сака крај на војната во Појасот Газа

Нетанјаху: Примирјето не значи крај на војната

А1он