Хамас го прифати мировниот предлог за прекин на огнот во Газа

Од:

Хамас објави соопштение дека го прифатил египетско-катарскиот предлог за прекин на огнот. Во соопштението тие наведуваат дека нејзиниот врховен лидер Исмаил Ханије ја пренел веста во телефонски разговор со катарскиот премиер и египетскиот министер за разузнавање.

Двете земји посредуваат во повеќемесечните разговори меѓу Израел и Хамас. Сè уште нема коментари од Израел.

Да потсетиме, претходно денеска Израел најави офанзива насочена кон Рафах, најјужниот град Газа. Повеќе од милион жители нашле засолниште во градот поради конфликтот во другите делови на Појасот Газа.

Израел вели дека Хамас прифатил „помека“ верзија на договорот за прекин на огнот предложен од Египет, што е „неприфатливо“ за израелските носители на одлуки, според извештаите, пишува SkyNews.

Ројтерс објави дека израелски функционер вели дека најавата на Хамас се чини дека е „измама“ со цел да се оформи Израел како страна која не сака да го прифати договорот.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас