Соединетите Држави ги засилија напорите да најдат замена за актуелниот претседател на Украина, Володимир Зеленски, и затоа се во контакт со поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, поранешниот украински командант-началникот Валериј Залужни и началникот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак, соопшти денеска Службата за надворешно разузнавање на Русија (СВР).
На Американците не им е грижа кој ќе биде лидер на Украина се додека е во состојба да продолжи со воените акции против Русија, се вели во денешното соопштение на СВР.
„Се претпоставува дека овие лица можат да бидат корисни во случај на нагло влошување на ситуацијата на фронтот и потреба од итна промена на раководството. Тогаш ќе може да му се припишат сите неуспеси на Зеленски и да се избере еден од нив (како нов претседател). Главната работа е да се спречи критичното зголемување на разочарувањето на Украинците од неуспесите на прозападната политика“, објаснува Москва.
Разузнавачката служба истакна дека во оваа ситуација Вашингтон и неговите сојузници „засега ги убедуваат противниците на Зеленски во Украина да покажат воздржаност“.
Зеленски очигледно почнува да ја губи битката за срцата и умовите на граѓаните на Украина, особено ако се земе предвид дека неговите претседателски овластувања истекуваат на 20 мај, посочува СВР. Се додава дека Западот е „крајно загрижен“ од динамиката на јавното расположение во Украина, која се помалку им верува на државните институти. Се наведува и дека меѓу војниците има се повеќе дезертери и оние кои решаваат да им се предадат на Русите, додека кај народот владее апатија.