Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

Од:

Стејт департментот негираше дека заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија и американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, е разрешен од должностите, наведувајќи дека Ескобар ќе добие нова функција во наредните недели, како дел oд редовната ротација.

Портпаролот на Стејт департментот, во одговор на прашањето дали може да ја потврди веста објавена од порталот Фронтлајнер дека Ескобар е разрешен од должноста, истакна дека изјавите на уредникот на порталот Вуди Џимшити се лажни и дека Ескобар не бил разрешен од должноста.

„Сите дипломати од кариера во странство се менуваат на секои една до четири години, што е редовна практика. Како дипломатски службеник, Ескобар е на својата сегашна позиција веќе три години и треба да продолжи на следната задача во наредните недели. До закажаната транзиција, останува на местото заменик помошник секретар во Канцеларијата за европски и евроазиски прашања, како и специјален пратеник за Западен Балкан“, се вели во одговорот на Стејт департментот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија