Канцелариите на Ал Џезира во источен Ерусалим беа претресени и запленета опрема во неделата, откако Израел го забрани емитувањето, објавија израелските медиуми.
Ал Џезира објави дека израелските оператори на кабелска и сателитска мрежа го отстраниле каналот од нивните услуги и дека им е одземена телевизиската опрема.
Тие нагласија дека го задржуваат правото да „преземат какви било правни дејствија“.
Полициската потрага уследи откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата изјави дека неговиот кабинет едногласно одлучил да и забрани на Ал Џезира да емитува програма во Израел.
„Поттикнувачкиот канал Ал Џезира ќе биде затворен во Израел“, објави Нетанјаху на социјалните мрежи.