Влаховиќ го одби Јувентус – можна преселба во Премиер лигата

Од:

Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ ќе биде една од главните теми во летниот преоден рок.

Влаховиќ не сакаше да потпише нов договор со екипата на Јувентус каде оваа сезона ги пружа најдобрите партии откако пред три сезони дојде во овој клуб.

Платата на Србинот следната сезона ќе скокне на 12.000.000 евра, а тимот од Торино сакаше да потпише нов договор со Влаховиќ за помала плата, но поранешниот играч на Партизан одби.

Но, од друга страна, тој одби и профитабилна понуда од Саудиска Арабија, бидејќи смета дека се уште не е време да остави белег на тој дел од светот.

Најголем интерес доаѓа од Премиер лигата каде за Душан Влаховиќ се заинтересирани двата лондонски клуба Арсенал и Челзи.

Како и да е, кој и да има намера да го доведе Душан во своите редови ќе треба да одвои минимум 70.000.000 евра за да го добие неговиот потпис.

Би можело да ве интересира

Јувентус бара замена за Душан Влаховиќ

Предраг Петровиќ