Иран изрази желба во седиштето на ОН да разговара за нуклеарната програма со големите сили, предводени од САД, прифаќајќи средба на министерско ниво.
Западните земји сметаат дека иранската нуклеарна програма не е за цивилни цели, туку за производство на нуклеарно оружје, додека Техеран ги демантира ваквите тврдења.
– Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф в четврток ќе се сретне со своите колеги од групата „5+1“, во која се наоѓаат САД, Русија, Кина, Франција, Велика Британија и Германија, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.
Белата куќа не ја исклучи можноста американскиот претседател Барак Обама да оствари средба во Њујорк со иранскиот колега Хасан Рохани.