Претседателот на Кримската меѓуетничка мисија Заур Смирнов денеска изјави дека мисијата ја повикала Русија да отвори кривична постапка против украинскиот претседател Володимир Зеленски за тероризам на руски територии.
„Зеленски води и насочува терористички активности против Крим и други руски области кои резултираа со човечки жртви. Оваа активност треба да биде предмет на кривично гонење и истрага. Верувам дека руските истражни органи треба да отворат кривична постапка против Зеленски“, рече Смирнов.
Кримската меѓуетничка мисија се состои од неколку јавни организации, а е основана со цел да се постигне „меѓуетничка хармонија“ на Крим, пренесува ТАСС.