САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Од:

Околу 300 студенти беа приведени на протестите во универзитетските кампуси низ САД во средата, а во Лос Анџелес избија судири со контра-демонстранти кои нападнаа пропалестински кампус, обидувајќи се да ги урнат нивните барикади.

Градоначалничката на Лос Анџелес Карен Бас најостро го осуди насилството, а пропалестинските демонстранти тврдат дека универзитетот не го спречил насилството и им дозволил на контрадемонстрантите да ги нападнат со боздогани, штици, тули и огномети.

Демонстрантите се собраа на повеќе од 30 американски универзитети во знак на протест поради зголемениот број на жртви во војната во Газа, барајќи нивните универзитети да ја прекинат соработката со компаниите кои работат со Израел.

Би можело да ве интересира

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Американскиот секретар за одбрана: За 1.000 дена војна Путин не постигна ниту една стратешка цел

Песков: Има телефонска врска меѓу Кремљ и Белата куќа, но не е активна