Нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Услови за пороен дожд ќе има во текот на ноќта, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје променливо облачно. Од пладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре, во ноќта кон петок и во петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Дневната температура од утре до сабота ќе биде во постепено опаѓање, а во недела ќе се покачи за 2 до 4 степени.

Би можело да ве интересира

Попладне нестабилно со пороен дожд

Горан Наумовски

Денеска променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд

Денеска облачно со сончеви периоди, наместа пороен дожд и ветер

Горан Наумовски

Денеска променливо облачно со услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи

Денеска облачно со дожд и ветер

Горан Наумовски

Денеска променливо облачно со локален дожд и засилен северен ветер