Осигурителна измама во Тетово: Лажен агент измамил познаник за 9.200 евра

Од:

МВР извести дека вчера во СВР Тетово, 51 – годишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен од А.Л.(29) од Тетово.

Според пријавеното, во текот на 2019 година, откако со неколку други лица биле повреден во сообраќајна незгода, биле контактирани од А.Л., кој се претставил како агент од осигурителна компанија и им понудил по 500 евра за обештетување за повредите во незгодата. Како што е пријавено, откако се согласиле и потпишале документи, парите им биле дадени на рака.

Според пријавеното, во текот на 2023 година добиле судски покани во врска со наведената сообраќајна незгода, а осигурителната компанија барала обештетување од нив во износ од 9.200 евра, пари кои никогаш лично не ги добиле од компанијата, ниту пак ополномоштиле адвокат или лице да ја води нивната постапка, по што сфатил дека биле доведени во заблуда и измамени од А.Л..

Се преземат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Бугарин во Хрватска како лажен лекар мамеше постари жени – уапсен е

А1он

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Македонски државјанин е уапсен во Врање поради измама на жени

Лажно ветувал странски пасош, уапсен e откако зел 9.000 евра од кумановка

Банда подигнувала брзи кредити со помош на вработен во ФЗО

Маж e измамен за околу 28.700 евра од лажен службеник во државна институција