„На 8 мај секој пред да го заокружи бројот на гласачкото ливче длабоко да размисли кому ќе ја даде довербата во периодот пред нас. Ние како коалиција „Храбро за Македонија“ како ИНТЕГРА македонска конзервативна партија, која е составен дел од таа коалиција, заедно со ГРОМ и со ПЦЕР најавуваме дека веднаш во македонскиот парламент ќе поднесеме резолуција со која ќе се дефинираат црвените линии на македонскиот национален интерес. Во тие црвени линии ќе бараме владеачките партии и сите останати партии во македонскиот парламент вкчучително и партиите на албанската етничка заедница и на останатите малцински етнички групи да го потврдат македонскиот идентитет, да ја потврдат македонската државност, да ја потврдат државотворноста на македонскиот народ во татковината Македонија“, рече од Ѓорче Петров, претседателот на ИНТЕРГА и носител на листата во ИЕ2 на Коалицијата Храбро за Македонија.
„Со таа семакедонска резолуција во парламентот, Брисел ќе мора да сфати и да прифати дека тој македонски пркос, таа македонска ревност за македонското во Македонија ќе мора да биде основата на која ќе се водат идните преговори со Брисел. Дали тоа ќе го прифати Бугарија или не, тоа не зависи од нас. Ќе бараме македонско национално единство по тоа прашање, ќе бараме согласност од сите политички партии кои се прегрупираат за коалиција на власт, ако тие ја сакаат и ја почитуваат татковината Македонија, ако се лојални граѓани на Македонија, тогаш ќе мора да застанат рамо до рамо со македонскиот народ во неговите барања за сочувување на македонскиот национален идентитет во преговиорите со Брисел“, рече Ристовски.
„Нека не ве лажат сите дека доколку не прифатиме промена на уставот ќе запрат преговорите со Брисел. Не. Ние и сме потребни на Европската Унија и Брисел исто толку колку што тие ни се потреби нам. Ако Европа ја донесеме дома, ако го качиме стандардот на населението и квалитетот на животот со сите оние генерални цели и приоритети што ги нуди ИНТЕГРА како дел од Коалицијата Храбро за Македонија, ако сите ги прифатиме мерките и инструментите на владините политики и стратегиите и владините политики кои ги нудиме ние со програмската платформа на овие избори, тогаш Македонија за брзо ќе отвори нов економски инвестициски циклус, ќе го крене стандардот на населението, ќе го крене квалитетот на животот, новосоздадената вредност на ниво на годишен бруто домашен производ ќе биде мултиплицирана во периодот пред нас“, порача Ристовски.
„На 8 мај сакам да размислите длабоко пред да го дадете гласот за било кого. Давајќи го гласот за ИНТЕГРА-македонска конзервативна партија, во Коалицијата Храбро за Македонија, вие гласате за квалитет на живот кој ќе значи богат и просперитетен граѓанин, богата и просперитетна Македонија. Заокружувајќи го бројот 3, вие ние давате нас политичка моќ во парламентот да бидеме бедем и бастион на македонскит национален интерес, да се бориме за татковината Македонија исто така како што се бориме во изминативе пет години на политичката сцена во Македонија. Се што сме кажале „да“ останало „да“ до денес, се што сме кажале „не“ останало „не“ до денес, оттука нашиот збор тежи како планина. И во парламентот ќе се бориме жестоко и ревносно за македонскиот национален интерес без да загрозиме ничиј друг интерес на ниту една душа човечка, независно дали од албанската етничка заедница, или од ромската или од останатите малцински етнички групи. Затоа ве повикувам на 8 мај, гласајте за бројот 3, заокружете број 3 и дадате глас за богата и просперитетна Македонија, настапете храбро за Македонија, уште похрабро на овие избори на 8 мај за да докажеме дека македонскиот народ умее да размислува со своја глава и умее во парламентот да изгласа вистинска опција која што ќе се бори за нивните интереси“, кажа Ристовски.