Мицкоски: На 8 мај масовно граѓаните да излезат и да гласаат за иднината на Македонија, да не дозволат анахрони сили како Ковачевски да не влечат во минатото

Од:

Димитар Ковачевски беше тој кој според него во времето на режимот шлапкаше со рацете на тој исти режим и сега кој е тој Димитар Ковачевски кога шлапкаше во првите редови со рацете апладирувајќи му според него на режимот или овој денеска Димитар Ковачевски кој е жестоко поразен од страна на народот на овие избори поради погрешните политики кои ги водеше изминативе според него 2 години откако е премиер, но во поширока смисла коалиција СДСМ и ДУИ 6 и половина години, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при увидот на градежни активности во Општина Аеродром.

Претседателот Мицкоски продолжи и додаде дека набргу од денеска Македонија ќе е и дефакто слободна држава каде народот ќе си ја врати државата во свои раце.

„Навистина немам што да кажам. Македонија е слободна, Македонија набргу од денеска ќе биде и дефакто формална слободна, народот ќе си ја врати државата во свои раце. Ќе работиме отчетно, транспарентно, во интересот на граѓаните, немаме друг мотив, инспирација ни е овој резултат, историски резултат“, кажа Мицкоски.

Претседателот Мицкоски упати порака до граѓаните да не дозволуваат вакви анахрони сили да не влечат во минатото.

„Мојата порака до граѓаните во Македонија е да не дозволиме вакви анахрони сили да не влечат во минатото и да тонеме во политичко мочуриште додека сите одат напред. Излезете гласајте на 8 мај, да не дозволиме политичка криза. Масовно излезете и гласајте за иднината на вашата семејства и иднината на Македонија. Да не дозволиме овие луѓе да не повлечат заедно со нив во политичкото мочуриште што го подготвуваат Ковачевски и Али Ахмети“, дециден е Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги добива здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди – култура, односи меѓу заедниците и правда, ЗНАМ – земјоделство

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од партија, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд

Горан Наумовски

Премиерот за Преспанскиот договор: Ветувањата останаа неисполнети

Мицкоски: Во петок и во сабота средби со коалициските партнери од ВРЕДИ и ЗНАМ за најавената владина реконструкција

Горан Наумовски