САД и Израел се обидуваат да го спречат Меѓународниот кривичен суд да издаде налог за апсење на Нетанјаху

Од:

Израел и САД прават дипломатски напори да го спречат Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за апсење на премиерот Бенјамин Нетанјаху и други израелски официјални лица поради војната во Газа, објавија израелските медиуми.

Како што е наведено, Нетанјаху е загрижен дека таквиот потег може да му наштети на угледот на Израел на меѓународната сцена и е во контакт со претставници на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, пишува The Times of Israel.

Аналитичарот на Хаарец напиша дека израелската влада претпоставува дека главниот обвинител на МКС Карим Кан наскоро ќе издаде налози за апсење на премиерот, министерот за одбрана Јоав Галант и началникот на Генералштабот на армијата Херзи Халеви.

САД, кои, како и Израел, не се меѓу 124-те земји што го потпишаа Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд, се ангажирани во напорите да ги блокираат налозите за апсење, според Харел.

Нетанјаху во петокот рече дека претстојните одлуки на МКС може да создадат „опасен преседан“, но дека позицијата на Израел не се менува.

„Никогаш нема да престанеме да се браниме. Иако одлуките на судот во Хаг нема да влијаат на акциите на Израел, тие би создале опасен преседан кој би им се заканувал на војниците и службениците на секоја демократија која се бори против криминалниот тероризам и агресија“, рече премиерот на Израел.

Би можело да ве интересира

Првите израелски заложници ќе бидат ослободени во недела, објави Нетанјаху

Кабинетот на Нетанјаху потврди дека Израел и Хамас потпишале договор за прекин на огнот

Нетанјаху сака да го испрати шефот на Мосад во Доха на преговори

(ВИДЕО) Нетанјаху: Израел ќе остане на планината Хермон на сириската граница додека не се постигне друг договор

Трамп е дециден, сака крај на војната во Појасот Газа

Нетанјаху: Примирјето не значи крај на војната

А1он