Со младите од Гостивар организиравме спортски настан во чест на уставобранителите, браќата кои гнијат во затвор седум години, заради неправдата која им ја нанесоа луѓето кои ветуваа правда и мир, истакна носителката на листа во изборна единица 6 од коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.
– Неправдата на уставобранителите нека биде една од причините, заради кои треба да се казни актуелната власт. Време е за нивна правда и слобода! Време е Македонија да биде праведна кон сите луѓе! Време правдата да ја раздаваат чесни судии, а не политичари и корумпирани правораздавачи – рече Стојаноска.