Белоруските специјални служби спречија напади со беспилотни летала од територијата на Литванија врз цели во Минск, објави шефот на КГБ, Иван Тертел.
„Комитетот за државна безбедност, во соработка со колегите од другите агенции, неодамна спроведе низа превентивни безбедносни мерки, кои овозможија да се спречат напади со борбени беспилотни летала од територијата на Литванија врз објекти во Минск и неговите предградија“, рече Тертел говорејќи во Себелоруското народно собрание.
Тој истакна дека работата во оваа насока продолжува, иако КГБ се уште не може да даде детални информации.
Се очекува дека Врховниот совет денеска ќе донесе одлука за усвојување на нацртот на новата воена доктрина и концепт за националната безбедност на Белорусија.
Според извештаите, Украина обучила до илјада милитанти кои планираат да ги искористат за окупација на населбите во Белорусија.