СДСМ: 30 милиони евра од Струмица за фирми блиски до ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Триесет милиони евра добиле фирми блиски на ВМРО-ДПМНЕ од општинската каса од Струмица, соопшти денеска СДСМ. Изминативе години тендери добивале и компании кои биле во сопственост на членови на владеачката партија, тврди опозицијата.

„Фирмата Жикол, чијшто сопственик е Никола Пандев, советник од ВМРО-ДПМНЕ во сегашниот состав на Советот на општина Струмица, го градеше градскиот плоштад во Струмица. За сума од 3,6 милиони евра! Сопственикот на истата фирма беше еден од главните изведувачи на објектот Глобал.

– Истиот тој, од вашите редови, има изградено неколку водоводни и канализациски системи во општина Струмица и 30-на улици и тротоари. Зошто не објавите дека во кујните на детската градинка Детска радост – Струмица и на Комуналец – Струмица, зејтин се набавува од фирмата АЛМАКС – Струмица, сопственост на Васил Пишев, актуелен пратеник во републичкото Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, на последните локални избори?

– Повеќе од 30 фирми, чиишто сопственици се членови и функционери во ВМРО-ДПМНЕ, добиле тендери во општина Струмица“ реагира СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме периферија и на Балканот

СДСМ: Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност

СДСМ: После толку многу манипулации со изјавите – на Мицкоски не може да му се верува

СДСМ: Одбиена листата на советници на ВМРО ДПМНЕ за Битола

СДСМ: По признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите Мицкоски треба да одговара за ширење страв и паника

Филипче: СДСМ нема свои кандидати за градоначалници во општините Кичево и Струга