Сите се колнеме во правдата, сите претседателски кандидати и актуелниот претседател на Република Македонија имаме и министерство за правда ама не сакаме да ги спроведуваме законите. Ние имаме Закон со кој се запира извршувањето на останатите сметки над 10 години со кој што оштетени се токму најсиромашните граѓани на Република Македонија, а пред се пензионери и социјални случаи, изјави денеска претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.
– Истиот тој Закон е обжален на Уставен суд и уставниот суд ја отфрли иницијативата што значи дека одговорноста за не примена на законот е токму на Министерството за правда и во исто време претседателот на државата мора да инсистира да се примени Законот, односно да се ослободат 83 илјади семејства од енормно високи сметки, односно нивните сметки се блокирани за ситни долгови од 3-4 или 5 илјади денари и истите долгови со камати се направени да бидат по 150 или 200 илјади денари.
Знаете ли што значи за еден примател на социјална помош или на некој пензионер кој има 15 илјади денари, што значи 150 илјади до 200 илјади денари. Тоа е цела планина за него и затоа сметам дека како општество, дали се законите добри или не, тоа не смее никој да го коментира туку напротив законите сме должни сите да ги спроведуваме, а пред се на тоа мора да инсистира министерот за правда и претседателот на државата – нагласи Јакимовски.