Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Од:

Русија денеска соопшти дека поддршката на американските претставници за нова помош за Украина во износ од 60,84 милијарди американски долари покажува дека Вашингтон тоне се подлабоко во хибридна војна против Москва која ќе заврши со понижување како во Виетнам или Авганистан.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека е јасно дека САД сакаат Украина „да се бори до последниот Украинец“, вклучително и напади врз руска суверена територија и цивили.

„Подлабокото и подлабоко вмешување на Вашингтон во хибридната војна против Русија ќе се претвори во гласно и понижувачко фијаско за САД како Виетнам или Авганистан“, рече Захарова.

Русија „безусловно и решително ќе одговори“ на американската одлука повеќе да се вклучи во украинската војна, додаде таа. Заменик рускиот амбасадор во ОН Дмитриј Пољански изјави дека „нема што да се слави“.

Тој напиша дека војната ќе продолжи и дека „повеќе пари ќе завршат во џебовите на луѓето, ќе се украде повеќе оружје и десетици илјади Украинци ќе завршат во мелница за месо“. Тој додаде дека поразот на Украина е „неизбежен“.

Би можело да ве интересира

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа