Најмалку две лица загинаа, а 14 се повредени во пукање на забава организирана за жителите на населба во градот Мемфис, Тенеси, соопшти локалната полиција.
Тројца од повредените се пренесени во болници во критична состојба, додека 11 лица се пренесени во болниците со приватни возила, соопшти полицијата во Мемфис во објавата на платформата X.
❗️Memphis mass shooting kills 2, injures 6
A mass shooting occurred in Memphis,Tennessee at an illegal street party attended by up to 300 people, according to local police.
Cops are still searching for the two unknown suspects who opened fire. Their motives are still unknown.… pic.twitter.com/Qnmh8hfjOB
— The Daily Richard 🇺🇸 (@thedailyrichard) April 21, 2024
Како што се додава, забавата била организирана без дозвола.
На настанот во саботата вечерта присуствуваа меѓу 200 и 300 луѓе, пренесува Ројтерс.