Спречен e атентат врз Зеленски

Од:

Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да му помогне на руското воено разузнавање во наводниот заговор за атентат на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објавија полските обвинители во четвртокот, пренесува АП.

Канцеларијата на националното обвинителство на Полска соопшти дека Полјакот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен во средата во Полска.

Човекот бил во контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој служи како порта за меѓународна воена и хуманитарна помош за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.

Доколку биде прогласен за виновен, човекот може да се соочи со казна затвор до осум години, се вели во соопштението за печатот.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ситуацијата на фронтот е под контрола

Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова

Зеленски до Собранието достави предлог закон за продолжување на мобилизацијата

Русија: Америка активно бара замена за Зеленски

Ритер: Режимот на Зеленски ќе исчезне

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски