Објавени се првите излезни анкети на изборите во Хрватска, според кои ХДЗ има најмногу мандати, но му недостигаат седум „раце“ за мнозинство.
Првите анкети на Нова ТВ покажуваат дека ХДЗ ќе има 58 пратенички места во Собранието, СДП со партнерите од коалицијата „Ријека правде“ 44 мандати, Татковинското движење 13, Можемо 11 и Мост 9 пратенички места.
Доколку вака остане до крај, на ХДЗ ќе и недостигаат седум мандати за мнозинството, кои ќе ги бара меѓу помалите парламентарни партии и коалиции.
Два мандата има и ИДС (2), Независна платформа Север (Матија Посавец) и Фокус со еден мандат.
Политичарите се уште не коментираат премногу за излезните анкети со оглед на тоа дека се е рано и ситуацијата може да се промени во следните час или два. Се слуша одобрување од централата на ХДЗ, но и дека очекувале повеќе од сегашната состојба.
До 16 часот и 30 минути на гласање излегле дури 50,60 отсто од гласачите или дури 1.605.472 од нив. Тоа е повеќе од 16 отсто повеќе од 2020 година, 13,4 отсто повеќе од 2016 година и дури четири отсто повеќе од рекордната 2015 година.