Зеленски го потпиша Законот за мобилизација во Украина

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпиша Законот за мобилизација во Украина, со кој се воведуваат значително поригорозни мерки од претходните.

На веб-страницата на Рада документот е придружен со напомена: „Вратен со потпис на претседателот“.

Претходно пратеникот на Врховната рада Алексеј Гончаренко објави дека Украина усвоила Закон за заострување на мобилизацијата.

Предлог-законот за мобилизација, со рекорден број амандмани – околу 4.000, наиде на отпор на јавноста поради бројните драконски мерки, вклучително и строгите казни за избегнување на воен рок.

Во Украина долго време не можеа да го усвојат овој закон. Првата верзија беше испратена на ревизија, а втората беше усвоена во прво читање на почетокот на февруари. Втората верзија, за разлика од претходната, не предвидува регрутирање на лица со посебни потреби, но значително го заострува самиот процес.

Воените обврзници отсега имаат рок од 60 дена од денот на стапување во сила на законот да ги ажурираат своите податоци во воениот регистар лично или електронски.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Зеленски: Украина нема доволно сила

Зеленски: Кој ќе и помага на Русија ќе му се одзема се

Зеленски го претстави Планот за стабилност од 10 точки: Нема да се откажеме од правото на територија

А1он

Зеленски: Шолц ја отвори „Пандорината кутија“

Горан Наумовски

Војната ќе „заврши побрзо“ со Трамп како претседател, вели Зеленски