Дафина Стојаноска од гостиварци побара поддршка за Силјановска-Давкова

Од:

Актуелната пратеничка и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на средби со жителите на општина Гостивар побара да гласаат за кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска-Давкова.

Стојановска, придружувана од сопартијци и преставници на коалицииони партнери даде изјава во близина на градскиот пазар и напомена дека владее незадоволство од, како што рече, оваа поткупливи и за граѓаните незаинтересирана власт.

– Затоа на 24 април ќе го заокружат бројот 2, бидејќи професорката Гордана Силјановска Давкова го промовира концептот претседател за сите луѓе. Таа ќе биде на страната на народот, а не страната на елитите кои нè доведоа до ова. Македонија повторно ќе биде горда и повторно на сите нејзини граѓани, изјави пратеничката Дафина Стојаноска и член на потесното партиско раководство на ВМРО ДПМНЕ.

Таа оцени дека на градскиот пазар во Гостивар владее незадоволство и кај купувачите и продавачите.

– Едните затоа што производите ги продаваат по незадоволителни цени, другите затоа што производите ги купуваат по прескапи цени. И едните и другите се незадоволни од оваа власт, потенцира Стојаноска.

Би можело да ве интересира

Стојаноска: Неправдата на уставобранителите нека биде една од причините, заради кои треба да се казни актуелната власт

Стојаноска: Да се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ, за конечно ДУИ и СДСМ да ги испратиме во опозиција

Стојаноска: Време е да се обединиме сите околу тоа веќе да не функционираме како до сега

(ВИДЕО) Стојаноска од Јегуновце: Оваа криминална власт вчера го доби жолтиот картон, а црвениот и следува на 8 мај

(ВИДЕО) Стојаноска: Граѓаните во среда ќе бидат гласни и ќе гласаат за Гордана Силјановска Давкова

Стојаноска: Предвидуваме рамен данок со што, Македонија ќе стане една од земјите во регионот со најниски даноци

Катерина Ѓуровски