На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Од:

Претседателката на руската Централна изборна комисија (ЦИК) Ела Памфилова на претседателот на Русија Владимир Путин му врачи претседателско уверение со кое се потврдува неговата победа на претседателските избори.

– Владимир Владимирович, дозволете ми да ви го врачам претседателскиот сертификат – рече Памфилова за време на средбата со Путин во Кремљ.

Путин и се заблагодари на Памфилова за нејзината работа за време на претседателските избори одржани во март, пренесе ТАСС.

– Сакам да ви се заблагодарам вам и на вашите колеги, како во ЦИК, така и во локалните комисии. Знам дека тоа беше тешка, но многу важна работа за земјата и нејзината внатрешна стабилност, особено денес – рече Путин.

Би можело да ве интересира

Путин: Раиси беше вистински пријател на Русија

Почна средбата меѓу Путин и Си во Пекинг, по што ќе следи дискусија со учество на делегации

Горан Наумовски

Путин за атентатот на Фицo: Ова монструозно злосторство нема оправдување

Горан Наумовски

Путин потпиша указ за состав на новата влада на Руската Федерација

Путин одлучи: Бортников е нов директор на Федералната служба за безбедност на Русија

Путин оди во посета на Кина