12 дена се трага по телото на Данка, осомничените ќе одат на психијатриско вештачење

Од:

Потрагата по телото на убиената Данка Илиќ (2)е во дванаесеттиот ден, полицијата продолжува со пребарувањето на Банско поле и околината на селото, но за жал се уште нема напредок. Нејасно е каде осомничените за убиството Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ го сокриле телото на девојчето по извршувањето на монструозното злосторство и како не се сеќаваат на тој чин.

Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ моментално се во притвор, а истрагата се уште е во тек. Полицијата и припадниците на различни служби досега ја пребараа секоја педа од Банско поле, но и селата Злот и Лука од каде што се осомничените.

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е главен осомничен за убиството на девојчето Данка Илиќ, пристигна во Вишото јавно обвинителство во Заечар каде ќе биде сослушана.

Адвокатот на Драгијевиќ најави дека денеска ќе има разговор и со Радослав Драгијевиќ, кој е во притвор бидејќи е осомничен дека му помагал на својот син Дејан да се ослободи од телото на Данка Илиќ.

Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, осомничени за убиството на двегодишната Данка Илиќ, ќе бидат испратени на психијатриско вештачење во Специјалната затворска болница во Белград веднаш штом ќе се исполнат условите, односно штом веќе нема да е потребно да бидат присутни во доказната постапка што во моментов се води – потврдија во Вишото јавно обвинителство во Зајечар.

Би можело да ве интересира

Осомничените за убиството на Данка Илиќ по психијатриско вештачење се вратија во притвор

Почина мајката на осомничениот за убиството на малата Данка

Двајца нови сведоци ќе сведочат за исчезнувањето на малата Данка

Oсомничените за смртта на Данка може да се спасат од „тешки“ казни

Горан Наумовски

Нови детали за малата Данка: Нејзината ДНК не е пронајдена на автомобилот со кој била удрена

Таткото на Данка: Нашето најмило малечко, денес требаше да ја дуваме свеќата за твојот втор роденден

Горан Наумовски